Графолошко Вештачење

Графологијата претставува вештина или наука, преку која заклучоците за одредена личност се донесуваат врз основа на нејзиниот ракопис. Како што не постојат два исти отпечатоци од прст, таков е случајот и со ракописот. Ракописот е карактеристичен и единствен за секој поединец.

Судската графологија е признаена вештина на утврдување на идентитетот на личноста на основа на ракописот или проценување на неавтентичноста на некој потпис, а која се користи во судското вештачење и криминалистика.

Основна документација за изготвувањето на стручниот Наод и Мислење од областа на графологијата:

  •           10-15 потписи не постари од од 5-7 години ( најблиску до годината кога е напишана спорната содржина)
  •           Оргинална документација

Националната групација за судски вештачења (НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со предмети во кои е вклучено графолошкото вештачење.

Најчести барања за графолошки вештачења:

  •           Потпис,
  •           Ракопис,
  •           Бришење и преправање на оргинална содржина (реституција),
  •           Печати (факсимили),
  •           Отпечатоци од печат.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • www.vestak.mk
  • www.procenki.mk

КОРИСНИ ДОКУМЕНТИ

  • Барање за изготвување не вешт наод и мислење
  • Барање за изготвување на процена

КОНТАКТ

Адреса:
ул. Дебарца бр. 4-1/1 1000 Скопје, Македонија
Тел:
(389) 2 322 55 99
Факс:
(389) 2 322 55 99
Веб:
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ЗА НАС

Друштвото за вештачење и проценки, Национална Групација за Судски Вештачења (НГСВ) започна со работа во 2011та година како специјализирана компанија за изготвување на судски вештачења, супервештачења од сите области како и проценки.