NGSV SMALENA STATIJA „Со нови решенија до повисоки стандарди во вештачењето“ – Благица Ристовска и Збратимир    Пршкарски, Национална групација за судски вештачења

 Потврда за успехот на НГСВ во идејата да направиме друштво за вештачења кое се стреми да  изгради имиџ на една од најбараните и најпрофесионалните компании за вештачење, е решавањето  комплексни спорови и задржувањето на веќе постојните клиенти, како и истовремено зголемување  на бројот на клиентите и сè поголемата доверба на судовите да ги насочат своите супервештачења  кон НГСВ како финално решение за одреден спор, велат за Академик Благица Ристовска и  Збратимир Пршкарски од Националната групација за судски вештачења.

 Обединување на вештаците со долгогодишно искуство

 Благица Ристовска и Збратимир Пршкарски за почетоците на дејноста на Националната групација за  судски вештачења (НГСВ) велат дека главната идеја била преку стручноста и професионализмот да  се направи обединување на вештаците кои имаат долгогодишно искуство и знаење од тематиката на  вештачењето.


 „Комплексноста на животот и сè посложените правни односи нè доведоа до идејата да ги обединиме  вештаците со долгогодишно искуство и знаење, во што и успеавме. Вештите лица се избирани врз основа на критериумите стручност, чесност, професионалност, совесност и пред сè непристрасност “, велат Ристовска и Пршкарски.

„Нашата цел е со стручност да помогнеме во што побрзо решавање на правните спорови“


Тие објаснуваат дека Друштвото за вештачење и процени, Национална групација за судски вештачења (НГСВ), започнало со работа во 2011 година како специјализирана компанија за изготвување судски вештачења, супервештачења од сите области, како и процени и дека денеска се изградени во препознатлив бренд, најмногу поради, како што велат, нивната посветеност во работата.


„Нашата цел е со нивната стручност да помогнеме во што побрзо решавање на правните спорови, со тоа што кон секој предмет се приоѓа со посебно внимание. Потврда за успехот на НГСВ во идејата да направиме друштво за вештачења кое се стреми да изгради имиџ на една од најбараните и најпрофесионалните компании за вештачење, е решавањето комплексни спорови и задржувањето на веќе постојните клиенти, како и истовремено зголемување на бројот на клиентите и сè поголемата доверба на судовите да ги насочат своите супервештачења кон НГСВ како финално решение за одреден спор“, објаснуваат Ристовска и Пршкарски, посочувајќи дека Групацијата денес ги нуди услугите од сите области на вештачења и супервештачења.

Kongres21Национална Групација за Судски Вештачења беше присутна на интернационалниот конгрес на судски вештаци  во организација на Здружението на Судски Вештаци на Црна Гора.

Присуство на овој конгрес земаа здруженија и комори на судски вештаци од повеќе замји од регионот и тоа Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Покрај предавањата од различни области на судски вештачења (медицина, сообраќај, градежништво, економско финансиско и материјално работење и останати области). Една од главните фокус теми беа и размената на искуства на судски вештаци во регионот како и позицијата на коморите | здруженијата на судски вештаци во земјите на регионот и улогата и предностите на имање на комора на судски вештаци и проценители.

На овој конгрес исто така беше започната иницијативе на формирање на здружение на судски вештаци на Југоисточна Европа со цел размена на искуства и взаемна соработка помеѓу вештаците и проценителите од државите во Југоисточна Европа 

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • www.vestak.mk
  • www.procenki.mk

КОРИСНИ ДОКУМЕНТИ

  • Барање за изготвување не вешт наод и мислење
  • Барање за изготвување на процена

КОНТАКТ

Адреса:
ул. Дебарца бр. 4-1/1 1000 Скопје, Македонија
Тел:
(389) 2 322 55 99
Факс:
(389) 2 322 55 99
Веб:
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ЗА НАС

Друштвото за вештачење и проценки, Национална Групација за Судски Вештачења (НГСВ) започна со работа во 2011та година како специјализирана компанија за изготвување на судски вештачења, супервештачења од сите области како и проценки.